LibreOffice 7.2 Help
LibreOffice може автоматски да примени нумерирање или точки при пишување.
Изберете Алатки - Автоматска корекција, кликнете на ливчето Опции, а потоа изберете Примени нумерирање - симбол.
Choose Tools - AutoCorrect, and ensure that While Typing is selected.
Опцијата за автоматско нумерирање се применува единствено на пасуси што се форматирани со стилот на пасус „Стандардно“, „Тело на текст“ или „Вовлекување на телото на текстот“ .
Напишете 1., i. или I. за да започнете нумерирана листа. Напишете * или - за да започнете листа со точки. Исто така можете да напишете мала отворена заграда наместо точка по даден број, на пример, 1) или i).
Внесете празно место, напишете го текстот, а потоа притиснете Enter. Новиот пасус автоматски го добива следниот број или точка.
Притиснете Enter за да ја завршите листата.
Можете да започнете нумерирана листа со било кој број.